Има ли Владата план Б за отплата на долговите

Bez autora
Jan 19 2014

Во првите шест месеци од годинава Владата треба да им врати на домашните кредитори дури 536 милиони евра, говорат податоците на Министерството за финансии. Отплатите ќе одат, најверојатно, по веќе познатиот „рецепт“, односно во вторниците задолжување преку аукции на државни записи и обврзници, а потоа во средите исплата на сумите што доспеваат. Ако првиот квартал може да се смета како малку порелаксиран на тој план, бидејќи Владата треба да врати вкупно околу 84 милиони евра, веќе наредните три месеци можат да бидат многу понапрегнати, бидејќи од април заклучно со јуни доспеваат за враќање 453 милиони евра. Владата веќе ги има закажано аукциите на државни хартии од вредност за првото полугодие, по три секој месец, на кои ќе се прибираат потребните пари од банките и од пензиските фондови, за повторно нив да им се вратат по основ на стари долгови.

Има ли Владата план Б за отплата на долговитеВо првите шест месеци од годинава Владата треба да им врати на домашните кредитори дури 536 милиони евра, говорат податоците на Министерството за финансии. Отплатите ќе одат, најверојатно, по веќе познатиот „рецепт“, односно во вторниците задолжување преку аукции на државни записи и обврзници, а потоа во средите исплата на сумите што доспеваат.

Ако првиот квартал може да се смета како малку порелаксиран на тој план, бидејќи Владата треба да врати вкупно околу 84 милиони евра, веќе наредните три месеци можат да бидат многу понапрегнати, бидејќи од април заклучно со јуни доспеваат за враќање 453 милиони евра. Владата веќе ги има закажано аукциите на државни хартии од вредност за првото полугодие, по три секој месец, на кои ќе се прибираат потребните пари од банките и од пензиските фондови, за повторно нив да им се вратат по основ на стари долгови. Притоа банките заработуваат од каматите што ги наплаќаат, кои се движат меѓу 3,1 и 4,6 отсто годишно, зависно од периодот на кој и' позајмуваат на државата. Забележливо е дека во последно време се оди на подолгорочни хартии од вредност, каде што е повисока и каматната стапка.

Дали Владата на аукциите ќе „собира“ средства онолку колку што и' требаат за утредента да се раздолжи или, пак, ќе бара и дополнителни финансиски инјекции, ќе се знае во наредниот период. Но, факт е дека за годинава властите планираат многу поголем дел од буџетскиот минус да покриваат преку домашни заеми, а многу помалку од странски извори. Светска банка, која лани гарантираше за кредитот од Дојче банк, годинава се изјасни дека нема да издаде таква гаранција, а неа Владата не ја ни побарала.

Во Фискалната стратегија за периодот од 2014 до 2016 година, е наведено дека годинава земјава ќе треба да врати вкупно 177 милиони евра, и кон домашни и кон странски кредитори.

Според таа стратегија, најголема сума за враќање Македонија има во 2015, и тоа дури 443 милиони евра, како одливи од државната каса кои ќе бидат наменети за отплати на кредити. Во 2016, пак, земјава треба по основ на долгови да исплати 325 милиони евра.

Од Владата упорно тврдат дека земјава е ниско задолжена, како и дека граѓаните можат да бидат спокојни во поглед на отплатите што следуваат, бидејќи тие се точно предвидени и обезбедени. Експертите со кои контактиравме, пак, советуваат на внимателност, и се надеваат дека Владата има и план Б, доколку ненадејно поскапат парите на меѓународните пазари.

Премиерот Никола Груевски во новогодишното интервју изнесе повеќе аргументи, кои според него, докажуваат дека Македонија не е презадолжена и е многу далеку од банкрот. „Кога политичари, експерти, новинари ќе слушнат дека Македонија има околу 34 отсто државен долг, тие се позитивно изненадени и ни честитаат. Кога ние дојдовме во Владата во 2006, долгот на Македонија беше речиси 40 отсто од БДП. Во следните две години предвремено се раздолживме, имавме добри економски години. Со тоа раздолжување стигнавме до 25 отсто државен долг. Тогаш никој од нас не знаеше дека следува европска и светска криза. Но, тој потег ни беше од голема помош за времето на криза. Кога земјите се бореа со долгови, кога бараа начини да излезат од тоа, ние имавме 25 отсто долг. Тоа ни овозможи да финансираме одредени проекти кои ја влечеа економијата во тоа тешко време. Вложивме во патишта, хидроцентрали“, рече Груевски.

Според Марјан Петрески, универзитетски професор, генерално, фискалната стратегија 2014-2016 укажува дека износите што доспеваат од странското задолжување, ќе се покриваат со нови задолжувања, кои ќе бидат претежно странски. „Ако тргнеме од претпоставката дека домашната макроекономија ќе биде стабилна, и дека ќе се стабилизираат и странските финансиски пазари, тогаш цената на новото задолжување би требало да се движи во поволна насока за нас. Меѓутоа, таквите проекции се секогаш опкружени со значајни ризици, така што претпоставувам дека Владата има план Б за тоа како ќе се обезбеди покривање на дефицитите и отплатите на старите задолжувања во случај на скапо и/или недостапно ново задолжување. Бидејќи, во таков случај може да биде доведена во прашање отплатата на долговите, платнобилансната стабилност и сите последици што за економијата тоа ги повлекува“, вели Петрески. Оттука, негова препорака е повеќе да се размислува за тоа кој ќе биде одговорот на Владата – во врска со покривање на дефицитот и доспеаните обврски – во различни сценарија во кои може да се најдат домашната и глобалната економија, наспроти сегашното ниво на развиеност на Фискалната стратегија, каде што, според него, најмногу простор е искористен за преглед на досегашните текови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik